Стратегијата да се вложува во инвестициски фондови овозможува заработувачка на долг рок, но неколку години откако постојат, инвестициските фондови во Македонија засега не успеваат да се наметнат како конкуренти на банките и да привлечат дел од слободните пари на граѓаните. Иако последните две години, според податоците остваруваат просечно повисоки приноси од банкарските камати. Овие проектирани приноси од 10 од 12 или 14 проценти, со само 500 евра на годишно ниво инвестирани средства за период од 10, 15 или 20 години кој во финансиите не е воопшто долг период, можат да дојдат до атрактивни износи, притоа имајќи ги бенефициите од сите светски случувања. Менталитетот во Македонија е друг во споредба со земјите од регионот, каде луѓето одамна вложуваат во инвестициски фондови. Концептот на инвестициските фондови е граѓаните да насочат дел од своите слободни пари во инвестиции кон брзо растечките земји - Бразил, Русија, Кина и да имаат определена добивка од вложувањето.
Стратегијата да се вложува во инвестициски фондови овозможува заработувачка на долг рок, но неколку години откако постојат, инвестициските фондови во Македонија засега не успеваат да се наметнат како конкуренти на банките и да привлечат дел од слободните пари на граѓаните.
Иако последните две години, според податоците остваруваат просечно повисоки приноси од банкарските камати.
„Овие проектирани приноси од 10 од 12 или 14 проценти, со само 500 евра на годишно ниво инвестирани средства за период од 10, 15 или 20 години кој во финансиите не е воопшто долг период, можат да дојдат до атрактивни износи, притоа имајќи ги бенефициите од сите светски случувања“, изјави Александар Манев, Илирика.
Менталитетот во Македонија е друг во споредба со земјите од регионот, каде луѓето одамна вложуваат во инвестициски фондови.
Концептот на инвестициските фондови е граѓаните да насочат дел од своите слободни пари во инвестиции кон брзо растечките земји - Бразил, Русија, Кина и да имаат определена добивка од вложувањето.